Комплетирано 1. коло: И Јанта Волеј со „максималка“ на стартот на сезоната

102

Одбојкарките на Јанта Волеј почнаа со убедлива победа во новата сезона на домашниот одбојкарски шампионат. Во последниот меч од 1. коло одигран денеска, Јанта Волеј со максимални 3:0 беше подобар од тимот на Вардар жени.

Јанта Волеј и оваа година со Работнички, Наковски Волеј и Струмица останува во жестока конкуренција за пласман на самиот врв. Во 1. коло стартни победи обезбедија и шампионките Работнички, како и екипата на Наковски Волеј.

Прва лига (жени)

1-коло

Струмица – Работнички 1:3 (17:25, 25:23, 18:25, 12:25)

Фит фан волеј – Македонија Макс 3:1 (25:21, 23:25, 26:24, 25:15)

Наковски волеј – Вардар ЕМ 3:0

Јанта волеј – Вардар жени 3:0 (25:14, 25:15, 25:18)

ПретходноГол-мајстор: Нови два гола на Тричко на Кипар (ВИДЕО)
СледноМурињо подобар од Станковиќ: Пелегрини од пенал за победа на Рома