Чеде Јаневски, некогашниот селектор на нашата А – репрезентација, некогашен стратег на Вардар од најдобрите денови на овој клуб, за само еден месец на Кипар уште еднаш ја покажува сета своја класа и тренерска умешност. Па така за разлика од некои други екс – селектори, кои редат порази со своите екипи, Јаневски е хит во шампионатот на Кипар. Имено Чеде со АЕЛ Лимасол прави чуда. Ете, и вчера во меч од тамошниот шампионат, АЕЛ со Јаневски на клупата успеа на гости да слави против Кармиотиса со 1:2. Ова беше втора победа на Јаневски во тертиот меч, има и едно реми, откако е на клупата на АЕЛ. Освоени се 7 од максималните 9 бодови, па така сега тимот и тоа како се искачи на табелата, сега е некаде во средината.
Да не заборавиме да кажеме дека Чеде има и една победа во Купот на Кипар, и тоа против Ермис.
Значи четири меча, три победи и едно реми.
Е, па, кој си знае, си знае.
За разлика од некои други…