Македонија со победа го отвори развојниот турнир за девојки до 15 години!

498


Во периодот од 17ти до 22ри октомври, 2022 г. ФФМ е домаќин на УЕФА развојниот турнир за девојки до 15 години, на кој покрај домаќините Македонија учество земаат и селекциите на Косово, Романија и Чешка.

На првиот натпреварувачки ден Македонската селекција за девојки до 15 години го совлада Косово со 4 – 0. Стрелци за македонската репрезентација беа Теона Галабовска која ги постигна првите два гола и Настасја Настова која го зголеми водството на 3-0 и потоа на 4-0.

На вториот натпревар Чешка беше подобра од Романија, со идентичен резултат 4-0.

На списокот на селекторот Јовица Блажески за настап на овој турнир беа повикани следните фудбалерки:

Голмани:

Ангела Блажева

Ања Петрушевска

Одбрана:

Александра Ристевска

Јована Јованоска

Искра Смилевска

Мила Стојановска

Тамара Нешковска

Михаела Марковска

Среден ред:

Теодора Настова

Канита Емини

Теона Галабовска

Ева Величковска

Мила Панева

Сара Атанасовска

Јована Петровска

Напад:

Тајна Грозданоска

Меланија Грозданова

Андреа Коловска

Антонија Спиркоска

Следни натпревари на распоредот на турнирот се:

Македонија – Романија – 19.10.2022 г. (среда) – 12.00 часот / ФФМ Тренинг Центар

Косово – Чешка – 19.10.2022 г. (среда) – 12.00 часот / Стадион Маџари

Македонија – Чешка – 22.10.2022 г. (сабота) / ФФМ Тренинг Центар

Косово – Романија – 22.10.2022 г. (сабота) / Стадион Маџари

ПретходноАларм во Португалија и Германија: Жота и Сане го пропуштаат Мундијалот!?
СледноЦиркус во Бразил: Постигна гол, истрча кај противничките фанови да ги нервира па потоа прв побегна! (ВИДЕО)