Мбапе го прекина молкот: Не сум побарал такво нешто од клубот!

379

Килијан Мбапе одлучи да го прекине молкот откако во последните денови се појавија гласини дека е несреќен во ПСЖ и дека сака да го напушти клубот веќе во јануари. Младата ѕвезда пред камерите на RMC Sport по победата од 1-0 над Марсеј.

„Не побарав да го напуштам ПСЖ во јануари. Не ја разбирам информацијата што излезе, не сум поврзан со истата. Не сум лут на клубот, многу сум среќен. Бев шокиран од веста како и сите други. Луѓето мислат дека има врска со мене, но воопшто не. Дремев кога се појави информацијата, а моето семејство беше на меч кај мојот помал брат. Тоа е само измислица“, рече тој.

Да потсетиме, во мај годинава, по долги преговори, Мбапе конечно реши да остане во ПСЖ. Тогаш се пишуваше дека францускиот клуб му платил огромен бонус, наводно околу 100 милиони евра само за потпишување на договорот и му дал поголема улога во спортската политика. Се пишуваше и дека според новиот договор ќе заработува околу 50 милиони евра годишна плата.

Медиапарт објави дека раководството на ПСЖ ангажирало луѓе да креираат лажни профили на Твитер на кои требало да го критикуваат Мбапе за споменатата најава за неговото заминување и да се запрашаат дали требало да биде прогласен за најдобар играч на францускиот шампионат.

„Јас сум фудбалер, најважно ми е да играм и да го дадам најдоброто од себе. Знаеме што значи да се игра во ПСЖ, мора да бидете подготвени. Ги предупредуваме играчите кои доаѓаат. Сега сме во средината на оваа приказна, но ние сме фокусирани на освојување и освојување трофеи“, рече Мбапе.

ПретходноПСЖ со гол на Нејмар славеше во големото дерби со Марсеј (видео)
СледноСпалети му одговори на Елмас по неговата објава!