Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси ќе го игра последниот Мундијал во кариерата, а на прашањето кои се неговите фаворити за трофејот, тој наброја неколку репрезентации но не ја стави и Аргентина.
Аргентина на СП ќе игра во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и Полска. Титулата ќе ја брани Франција.
„Кога зборуваме за фаворити, имаме големи тимови како Бразил, Германија, Франција, Англија, Шпанија, сигурен сум дека заборавив некој… Ако морам да изберам една или две репрезентации, тогаш би рекол дека тоа се Бразил и Франција како два најголеми кандидати за освојување на титулата“, рече Меси за „Директ ТВ“.
Мундијалот во Катар ќе се игра од 20 ноември до 18 декември оваа година.