Пелистер го „завери“ Ѓорговски до 2025 година!

95

Пелистер го продолжува развојот и ја планира иднината со најдобрите млади македонски ракометари. Емилијан Ѓорговски е еден од оние кој влегува во сите комбинации на клубот во иднина и затоа уште најмалку три години ќе го носи „зелено-белиот“ дрес.

Младиот стружанец, кој пред точно две години дојде во Битола, се обврза на нов тригодишен договор и потпиша до крајот на 2025 година. Левиот бек беше доведен како член на Е.Пелистер 2, но со постојаниот напредок, од ова лето е под „палката“ на Ларс Валтер.

Веќе дебитираше во СЕХА лигата, а наскоро ќе заигра во ЕХФ Лига Европа. Ѓорговски настапуваше за сите младински и за сениорската репрезентација на Македонија во периодот по пристигнувањето во Битола.

„Голема благодарност до екипата на Еурофарм Пелистер 2, со која имав голем напредок и потоа остварив голем успех и затоа потпишав за Еурофарм Пелистер. Наскоро почнува групната фаза на Европската лига и верувам дека ќе дебитирам. Со големо искуство е тренерот Ларс Валтер, многу учам од него и се надевам дека ќе созреам во професионален играч“, изјави Емилијан Ѓорговски.

Претходно„Заврти и победи“ нов награден предизвик на 2WIN.MK
СледноКрос му оддаде големо признание на човекот од сенка