Голем пех или проблем за лидерот Струга Трим Лум. Имено стружани по се изгледа дека ќе мораат да играат најмалку еден месец без првиот голман Ведран Ќосевски кој се здоби со повреда вчера на супер – дербито на Чаир по судирот со Адетунџи. А познато е дека тој судир судијата Александар Ставрев, на чудење на сите, го окарактеризира за пенал за Шкупи. Пенал кој го одлучи победникот.
По пеналот Ќосевски, поради болки во пределот на рамото беше заменет, а денеска или утре ќе следува и детална докторска анализа. Првичните прогнози се дека го има повредено лигаментот на рамото и дека ќе биде во аут најмалку еден месец.