Алеша Путељас од Барселона е годинешната добитничка на „Златната топка“ кај дамите во изборот на „Франс Фудбал“.
Путељас едноставно блескаше минатата сезона во Лигата на шампионите, каде беше најдобар стрелец, но за жал не успеа да и го донесе престижниот пехар на својата екипа по поразот во финалето од екипата на Олимпик Лион.
Таа и минатата сезона беше прогласена за најдобра фудбалерка во Европа, со што две години по ред ја освојува „Златната топка“ испишувајќи нова историја кај дамите на овој избор.