Реакција од Наполи на објавата на Елмас: „Тој се шегуваше и ништо повеќе“

491

Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас ја грее клупата сезонава. Добива минимална минутажа.

Па така Елмас на социјалните мрежи испрати по малку и контроверзна порака веројатно до тренерот Лучјано Спалети.

Истата гласи…

“Мојата прва љубов (клупата)“

На тоа реагираше спортскиот директор Кристијано Џунтоли кој изјави дека објавата на Елмас е шега.

„Елиф имаме извонредна мината сезона со седум гола и пет асистенции и речиси секојпат стартуваше како резерва. И ние мора да му бидеме благодарни. Во моментов, кога не може да помогне на теренот, сакаше сам да се пошегува и ништо повеќе. Тоа што други поинако го протолкуваа и лошо го прифатија не е наш проблем!“, рече Џунтоли.

 

ПретходноБразилците можат да здивнат, Ришарлисон не е сериозно повреден
СледноГол-мајстор: Нови два гола на Тричко на Кипар (ВИДЕО)