Сари лут на раководството: Или ќе го поправите теренот или барајте си друг тренер

270

Во 10.коло од Серија А, екипата на Лацио одигра без голови со Удинезе на „Олимпико“. Тренерот Маурицио Сари го коментираше натпреварот и се пожали на првиот човек Клаудио Лотито и неговите соработници во управата.

За жал, кога се случуваат вакви натпревари треба да гледате напред. Мојот тим се обиде да го направи тоа, но се соочивме со најтешкиот противник, кој е свеж и физички спремен, а ние одигравме три меча во седум дена. Освен тоа кога играш на терен со лош квалитет, станува голем проблем.

Имобиле се повреди во 29. минута. Дали можеше да се спречи тоа? Веројатно да. Тој е принуден да игра почесто од другите, затоа што игра меѓународни натпревари, а игра и на лош терен. Минатата сезона неколку пати моравме без него, користејќи лажна деветка меѓутоа одредени играчи тешко се заменуваат без негативни последици. Без Имобиле, овој тим нема да биде истиот, се надеваме дека биде надвор од терените кратко време“, изјави Сари кој пак се наврати на тревникот.

Се подготвувавме на долги топки во противничкиот шеснаесетник, а уште на загревањето се откажавме затоа што не можеме да го играме тоа на терен кој изгледаше како да фрлил бомба на него. Не знам што ќе направи нашиот претседател во врска со тоа, но можеби ќе му треба друг тренер затоа што не можеме редовно да играме добро на таков терен. Или можеби тимот да се пресели на друг стадион.

Јас сакам моите тимови да прават по 700 додавања на секој натпревар, но тука тоа не е можно. Ако теренот остане ваков, тогаш клубот треба да почне да размислува за друг тренер наместо мене“, вели тренерот на Лацио.

Идното коло Лацио ќе игра со Аталанта во Бергамо.

 

Претходно“Кралевите“ во домот на Валверде ја прославија победата во Ел Класико!
СледноУбав гест: Елмас во посета на репрезентацијата, дава поддршка! (ФОТОГАЛЕРИЈА)