ТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Стојановски го “бомбардираше“ Работнички

332

Во одличен меч со шест голови, сепак најмногу се истакна двојниот стрелец Влатко Стојановски. Шкендија и со двајца играчи помалку успеа да го добие Работнички со 2:4 како гостин, а одличен беше токму Стојановски. Ова нему му беше најдобар меч откако летово дојде во градот под Шара. Затоа според „Спортмедиа“ тој е играчот на 11.коло.

Од Шкендија во тимот на колото е и Аденси Шаља. Силекс со 2:3 победи среде Штип, а одлични беа Љамалари, Манасиевски со фантастичен гол и Ристовски кој ја донесе победата. Алварез од Шкупи беше стрелецот на победничкиот гол на супер – дербито на Чаир, додека Победа прикажа уште една одлична партија, токму затоа од Победа во тимот на колото се Тофилоски, Стомнароски и Рамани кој го има голот на колото. Македонија ЃП со 2:0 славеше против Скопје, а се истакнаа Самаке и Илиевски.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

 ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ

 Тим: Шкендија 

Роден: 23.04.1997 во Делчево 

Кариера: Металург, РНК Сплит, Дугопоље, Ренова, Ним, Шамбли, Горица, Шкендија

ПретходноГостивар се засили пред дуелот со МЗТ Скопје
СледноИзјава на годината: „Освен тие пет голови, не направија ниту една шанса“