И тоа го има во Бразил. Имено на мечот Ресифе – Васко де Гама, се случил ицидент на кој му претходеше неодговорен потег на еден гостински фудбалер, извесен Раниел.
Се играло 90+5.минута кога при резултат 1:0 за домашните судијата досудил пенал за гостите. Раниел успеа да ја погоди мрежата, а потоа истрча кон домашните фанови со цел да ги изнервира. Нормално тие “збеснале“ и кога почнале да влегуваат на теренот пробивајќи го кордонот со обезбедување, Раниел прв побегнал во гостинската соблекувална.