Кој си знае, си знае: Чеде Јаневски реди победи со АЕЛ Лимасол!

269

Чеде Јаневски, некогашниот селектор на нашата А – репрезентација, некогашен стратег на Вардар од најдобрите денови на овој клуб, за само еден месец на Кипар уште еднаш ја покажува сета своја класа и тренерска умешност. Па така за разлика од некои други екс – селектори, кои редат порази со своите екипи, Јаневски е хит во шампионатот на Кипар. Имено Чеде со АЕЛ Лимасол прави чуда. Ете, и вчера во меч од тамошниот шампионат, АЕЛ со Јаневски на клупата успеа на гости да слави против Кармиотиса со 1:2. Ова беше втора победа на Јаневски во тертиот меч, има и едно реми, откако е на клупата на АЕЛ. Освоени се 7 од максималните 9 бодови, па така сега тимот и тоа како се искачи на табелата, сега е некаде во средината.

Да не заборавиме да кажеме дека Чеде има и една победа во Купот на Кипар, и тоа против Ермис.

Значи четири меча, три победи и едно реми.

Е, па, кој си знае, си знае.

За разлика од некои други…

ПретходноВечерва Бензема ја добива “Златната топка“!
СледноКлоп со среден прст го “поздрави“ судијата Тејлор! (ВИДЕО)