Наполи на домашен терен во доста интересен натпревар ја совлада Болоња со 3-2 со голот на Виктор Осимен. Со овој триумф тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас остана на врвот на табелата со 26 бода, два повеќе од Аталанта.
Елмас влезе во 71. минута, исто како и Осимен кој влезе во 46 минута и го постигна победничкиот гол, уште еднаш потврдија дека резервните играчи оваа сезона се клучни. Седум гола од вкупните 25 им припаѓаат на фудбалерите кои доаѓаат од клупата.
Македонскиот репрезентативец пред овој дуел имаше интересна порака: „Мојата прва љубов – клупата“. По мечот стратегот на Наполи, Спалети индиректно му одговор на Елмас.
„Уште еднаш, играчите кои влегоа од клупата се покажаа како одлучувачки на крајот, па можат да бидат позначајни отколку да се стартери. Сите се вклучени“, рече Сплаети, кој потенцира дека момците вечерва го потсетиле колку е добро да се биде тренер на Наполи.