Трифуновиќ го извади Обрадовиќ од „кожа“ (ВИДЕО)

368

Партизан по поразот во Евролига им се врати на победите во АБА-лига. Српскиот тим го совлада Студенски центар, следниот противник на МЗТ Скопје со 91-82. „Црвено-белите“ неочекувано се измачија за да дојдат до триумфот, а во неколку наврати Жељко Обрадовиќ не го криеше своето незадоволство од прикажаната игра на своите момци.

Се чини врвот го достигна по звукот на сирената, кога целосно му се пушти на Урош Трифуновиќ. Откако Студенски Центар не реализираше во последниот напад, топката се одби кај Трифуновиќ кој без никаква причина ја „рогна“ топката во публика.

Обрадовиќ „полуде“, па целото свое незадоволство го истури врз младиот кошаркар. Кевин Пантер се вмеша да ја ублажи ситуацијата.

ПретходноСтатистиката вели: Чави е најлошиот тренер на Барса од 2001 година па навака!
СледноКатерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Албанија!