ТФТ дебитира против Пелистер во АБА 2-лига

116

Денеска и официјално стартува сезоната во АБА2-лига. Иако веќе работите си доаѓаат на свое место кога станува збор за пандемијата, сепак ова натпреварување ќе се игра според стартиот принцип, турнирски.

Домаќин на првиот собир е Златибор, а оваа сезона покрај Пелистер ќе се натпреварува и актуелниот освојувач на Купот на Македонија, тимот на ТФТ. Кошаркарите на клубот од Тафталиџе на премиерата ќе ги одмерат силите токму со битолчани, оваа средба е последна на денешната програма (21 часот).

Двата тима добро се познаваат, имаат одиграно седум меча во домашниот шампионат, четири од нив им припаднале на кошаркарите на Пелистер. Но, АБА 2-лига е сосема поинакво натпреварување, па дефинитивно ќе биде интересно. И двете екипи дојдоа со победи зад себе во домашниот шампионат, ТФТ славеше против Чаир, додека Пелистер против Работнички, за први победи во новата сезона.

Во второто коло, ТФТ ќе игра против Сутјеска, додека пак Пелистер против Шенчур, мечевите се закажани за 19. октомври.

ПретходноКрос му оддаде големо признание на човекот од сенка
СледноЈунајтед е оштетен: Голот на Роналдо бил регуларен! (ВИДЕО)