Англиската фудбалска легенда и екс репрезентативец на „Гордиот Албион“, Мајкл Керик ќе седне на менаџерското столче на тимот на Мидлзброу. Откако клубот го отпушти досегашниот тренер Крис Вајлдер поради лоши резултати, Керик ќе биде неговиот наследник. Преговорите со урпавата се интензивирани во последните 24 часа и би требало да вродат со плод.
Според медиумите во Англија, на одлуката да биде Карик поставен влијаел и самиот селектор на Англија, Герет Саутгејт кој е во одлични односи со сопственикот на Мидлзброу, Стив Гибсон.
Карик досега нема самостојно тренерско искуство, затоа што се досега беше помошник во тимот на Јунајтед откако се пензионираше. Од Олд Трафорд си замина кога пристигна Ралф Рангник. Мидлзброу секако е член на Чемпионшип дивизијата