Нотингем Форест кој беше најголем трошаџија во летниот преоден рок, се уште не може да фати ритам. Веќе деветти меч по ред „шумарите“ не знаат за победа во Премиер лигата и е претпоследен на табелата.
Вечерва Нотингем одигра без голови на гостувањето кај Брајтон што е нивно трето реми во таа неславна серија.
Нотингем по 11 кола има 6 бода и е претпоследен, зад нив е само Лестер со поен помалку и меч помалку. Брајтон кој сега врза четири меча без триумф е на 7. место со 15 бода.