Карим Бензема, одличниот напаѓач на Реал Мадрид сосема заслужено ја доби наградата „Златна топка“, тој победата ја однесе пред Роберт Левандовски и Садио Мане.
Во тесниот избор за ова признание беше и напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, но ќе мора да почека за да ја земе оваа престижна награда.
Францускиот фудбалер во последно време е во центарот на вниманието, медиумите пишуваа дека сака да си замине од Париз, но пред некој ден излезе со демант, порача дека нема ништо вистина во сето тоа.
Навивачи, како навивачи, не простуваат лесно. Па на денешната церемонија, Мбапе доби свирежи, фановите сметаат дека тој е причината за проблемите во ПСЖ.
.@KMbappe has arrived at the Theater of Chatelet with his dad 👀#ballondor pic.twitter.com/L0WwpOGGvn
— Ballon d’Or #ballondor (@francefootball) October 17, 2022