Репрезентацијата на Србија не успеа да ги исполни очекувањата на последното Европско првенство, беше елиминирана во четвртфиналето. Сите прстот го покажаа кон предводникот на овој тим, Светслав Пешиќ, кој на стартот го тргна од списокот капитенот, Милош Теодосиќ, а потоа направи многу тактички грешки.
После еден месец одлучи да одговори на бројните критики, тој беше гостин во емисијата „Топ гол“.
„Знам кој сум и зошто дојдов. И други, исто така, ме донесоа на ова место. Обидете се да не поддржите, во спротивно нема да има српска кошарка, ќе исчезне. Српската кошарка мора да си го најде идентитетот. Не само кога е во прашање репрезентацијата. Веќе целиот проект, пакетот. Мора да се прилагоди на времето и не може да живее од минатото во југословенската кошарка“.
Тој даде интересен одговор на прашањето дали и треба на Србија.
„Дали и требам на српската кошарка? Не знам… Никој од федерацијата не ми кажа дека не ми требам. Барем засега. За еден месец имаме натпревари во квалификациите за СП.
Пешиќ не знае со каков состав ќе настапат и испрати многу важна порака, дека кошарка играат сите, веќе никој не паѓа на Србија зошто е Србија.
„Велат, како Белгија е подобра од нас? Како изгубивте?! И велам, можевме да победиме, но тие се подобри од нас. На пример, Летонија беше подобра од нас. Колку што можевме, водевме, но играта трае 40 минути, а не 10… Па, Турција загуби со 28 разлика од Летонија, а играше со тројца НБА играчи. Затоа, смирете се малку, бидејќи никој не ги соблекува гаќите кога ќе не види“. заклучи Пешиќ.