Анчелоти за изборот на Манчестер Сити за тим на сезоната: Ние најважната награда ја добивме во мај!

191

И тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше првото место на Манчестер Сити во рангирањето за најдобар тим во минатата сезона. „Кралевите“ ја освоија Лигата на шампионите елиминирајќи ги токму „граѓаните“ во полуфиналето на турнирот и победувајќи го Ливерпул со 1-0 во финалето. Сепак, во рангирањето на најдобрите клубови за 2021/22, „Франс Фудбал“ наградата му ја даде на Манчестер Сити, рангирајќи го на првото место пред Ливерпул и Реал (М), кој заврши дури како трет.

„Не знам кои се критериумите. Мислам дека не се работи за тимовите бидејќи во таа смисла најдобар беше Реал Мадрид кој ја освои Лигата на шампионите. А кои се критериумите на клупско ниво, не знам. Беше многу тешко да се победи Манчестер Сити во полуфиналето. Се се сведуваше на некои детали. Тие ја освоија Премиер лигата. Многу ја почитуваме оваа награда, но најважната награда ја добивме во мај“, изјави Анчелоти.

ПретходноЕкстра збунувачка тактика: Ги соблече гаќите си останаа шокирани (ВИДЕО)
СледноСветскиот рекордер од Полска доби суспензија од 15 месеци