Карим Бензема напаѓачот на Реал Мадрид е добитник на „Златната топка“ која Франс Фудбал ја доделува на најдобриот светски фудбалер. Тој беше најдобриот играч на Реал минатата сезона, а со одличните игри и голови го предводеше до освојување на новата титула во Лигата на шампионите.
34-годишниот Бензема за прв пат во кариерата ја освои оваа награда, наследувајќи го Лионел Меси, кој минатата година по рекорден седми пат во кариерата ја освои „Златната топка“.
Францускиот напаѓач одржа емотивен говор на сцената, но и беше доста критичен, му пречеше тоа што Манчестер Сити ја доби наградата за најдобар клуб.
„За мене Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот. А вие своите награди дајте ги на кого сакате“, изјави Бензема. Овој избор беше критикуван од многумина, меѓу кои и Тони Крос и Икер Касиљас.
Касиљас не го прифати ниту фактот дека Манчестер Сити е прогласен за најдобар клуб. „Смешни награди… Честитки за Реал за третото место“, беше саркастичен Касиљас, а нешто слично напиша и Крос.
Инаку, Реал минатата сезона го победи Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите. Но, Сити ја освои титулата најдобар клуб бидејќи ја освои Премиер лигата и постигна 99 гола. шампионатот .