Од Чаир доаѓа најубавата можна вест денеска. Македонскиот младински репрезентативец и член на тимот на Шкупи, Бесник Ферати успешно ја преброди најголемата животна криза и се враќа наскоро на терен. Имено, Ферати во изминатиот период успешно се опоравуваше од канцер, и во моментов може слободно да се каже дека е потполно здрав.
Од Шкупи јавуваат дека не можеа да добијат подобра вест која ги израдува не само на Чаир туку целата македонска спортска но и поширока јавност.
Бесник ти посакуваме многу здравје, среќа и успех и повторно да те видиме како во дресот на Шкупи така и во дресот на репрезентацијата на Македонија.