Иако по мечот со Македонија ЃП изминатиот викенд и поразот од на исиот тренерот на ФК Скопје, Славчо Георгиевски си поднесе оставка сепак популарниот Тупан и натаму ќе го води тимот од Автокоманда.
Откако се смирија страстите и што се вели „легна работата“, Георгиевски и управата на ФК Скопје најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.
Скопје во досегашниот дел од шампионатот одигра неколку добри средби на кои заслужи и повеќе бодови, што во периодот кој следува секако дека ќе биде приоритет. Да се освојат што е можно повеќе поени и да се излезе од опасната зона за испаѓање.