Шампионот на Македонија МЗТ Скопје Аеродром го доживеа првиот пораз во Првата македонска кошаркарска лига. Вечерва „штрковите“ загубија од Гостивар од 79:80. Гостинската екипа тргна со серија од 0:11, меѓутоа домашните направија пресврт, но тој не краеше долго затоа што противникот направи серија од +12 и замина со предност од 37:49.
Во продолжение на мечот се играше тесно, а во завршните секунди „штрковите“ не искористија напад за победа.
Најдобар играч на паркетот беше Корсантиа од Гостивар со 19 поени и 10 скока, а во редовите на победникот блескаа уште Маслинко со 18, Пипкинс со 17 како и Ефремовски со 16 поени. Кај МЗТ, Бојан Крстевски уфри 15.