Димитриевски одличен, Рајо во 92. минута „грабна“ бод против Атлетико (видео)

188

Вечерва на „Метрополитано“ во Мадрид, Атлетико и Рајо Ваљекано одиграа 1:1 во 10 коло на Ла Лига. „Јорганџиите“ водеа до финишот на мечот, но потоа примија гол од пенал. Во 20 минута Гризман убаво ја уфрли топката во шеснаесетникот, а Мората непречен од никого, во дуел еден на еден го совлада Столе Димитриевски на голот на Рајо.
Македонскиот чувар на мрежата имаше три убави интервенции на мечот, најдобрата ја имаше во 83 минута кога го запре ударот на Куња од косо. Кога се чинеше дека бодовите ќе останат на „Метрополитано“ еден фудбалер на Атлетико играше со рака во сопствениот шеснаесетник во 90 минута, а по реакција на ВАР судијата досуди пенал. Радамел Фалкао погоди за конечни 1:1.

Претходно Севиља и Валенсија одиграа 1:1, а Хетафе и Атлетик Билбао 2:2.

ПретходноШалке и Хамбургер со убедливи порази испаднаа од Купот на Германија
СледноКомбинираниот Пелистер ја совлада Саудиска Арабија во тест меч