Евролига: Партизан потфрли во финишот и доживеа пораз од Олимпија Милано

86

Кошаркарите на Партизан го впишаа третиот пораз во Евролигата сезонава, а во Белград загубија од Олимпија Милано со 75:80. Избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа водство од 71:62 на речиси шест минути пред крајот, а потоа постигнаа само четири поени и пак изгубија веќе добиен меч.
Партизан има скор од 0-2, а во четврток во Белград ќе го дочека Виртус од Болоња.
Јунак на Олимпија беше Шилдс со 25 поени, а Брендан Дејвис уфри 15. Во поразениот тим Зек Ледеј постигна 23 поени, Лесор додаде 12, а Јам Мадар 10.

На другите натпревари од 3. коло:
Ефес-Валенсија 91:92, Жалгирис – Виртус 68:65, Фенербахче-Лион 84:63, Макаби Тел Авив – Монако 78:70, Баерн-Барселона 73:84.

ПретходноНишто ново – Вулверхемптон пак поразен од Палас (видео)
СледноАрсенал го наградува Рамсдејл со нов договор и повисока плата