Емини стрелец во победата на Сондерјиске во 3. коло на данскиот куп

107

22-годишниот македонски интернационалец во Данска, Сефер Емини, вечерва го постигна својот втор гол за екипата на Сондерјиске во чии редови ова лето се пресели од Македонија ЃП.

Нашиот офанзивен играч за врска, денеска го постигна водечкиот гол за својот тим на гостувањето кај Коге во мечот од третото коло на Данскиот куп. Сондерјиске славеше на гостински терен со 4:1, а Емини го отвори резултатот со гол во 17. минута.

За Емини ова е втор гол во дресот на Сондерјиске оваа сезона. Еден постигна и во Втората лига на Данска.

ПретходноДетето на Ливерпул на 29 години реши да оди во пензија
СледноРепрезентативците летнаа за Абу Даби (ФОТОГАЛЕРИЈА)