Аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин стави крај на својата кариера. На последниот меч со својот Интер Мајами беа поразени од Њујорк со 3-0 во осминафиналето на плеј-офот во МЛС-лигата. По овој дуел во центарот на вниманието беше Игуаин, кого го совладаа емоции и се расплака.
Gonzalo Higuaín after his final game as professional football player. 🤍🥲 #Higuain@MLS 🎥⤵️pic.twitter.com/CsxMmipK6L
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 18, 2022
„Сакам да бидам запаметен како добра личност, на крајот тоа е најважно. Горд сум на се што постигнав, на сите соиграчи, тренер и навивачи“, рече Игуаин на прес-конференцијата по мечот.
Во својата богата кариера играше за Ривер Плата, Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Милан, Челзи и Интер Мајами.
За репрезентацијата на Аргентина на 75 настапи постигна 31 гол, а во клупската кариера одигра 711 меча на кои постигна 335 погодоци. Во дресот на Наполи беше најдобар стрелец во Серија А во сезоната 2015/16 со 36 гола, додека оваа сезона на 29 натпревари имаше учинок од 14 гола и три асистенции.