Пелистер тргна според планот, ја запиша првата победа во АБА2-лига. Марјан Илиевски, стартегот на битолчани не очекуваше дека лесно против ТФТ ќе дојдат до целиот плен, па дури и во еден момент ќе водат со 30 коша разлика. На крајот неговите момци се опуштија, па дуелот заврши со крајни 65-75 во корист на Пелистер.
„Се соочуваме со проблем веќе втора година по ред, со хендикеп со повредени играчи. Не дојдовме комплетни, имаме двајца играчи кои нема да играат цела сезона, а уште еден играч кој ќе се врати по една недела. Бараме нови странски засилувања за да ја комплетираме екипата. Ова беше прв натпревар, за разлика од лани драго ми е што отворивме со победа. Игравме на моменти брилијантно, но на моменти и многу лошо. Противничката екипа имаше лош ден, не верувам дека ТФТ може следен меч да одигра вака лошо. На ривалот му посакувам успех, а на мојата екипа ѝ честитам за изданието“, изјави Илиевски.
Следен противник на Пелистер е Шенчур, мечот се игра утре.