„Кориере дело Спорт“ објави листа на фудбалери на Јувентус кои треба да си заминат!

433

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ денеска излезе со листа на фудбалери кои Јувентус веќе оваа зима или на лето планира да ги отстрани од тимот. Меѓу имињата кои се споменати, најмогу изненадуваат оние на Анхел ди Марија и Леандро Паредес. И двајцата беа доведени како големо засилување на тимот за оваа сезона, но се чини ни едниот ни другиот не ги исполнуваат очекувањата поставени пред нив. Покрај тоа, тие немаат најдобар однос со остатокот од соблекувалната, што може негативно да се одрази на тимот. Наместо продолжување на договорот, и двајцата најдоцна до лето ќе мора да си заминат.

Крај на авантурата во Торино го чека и Хуан Куадрадо. 34-годишниот играч има договор до крајот на јуни следната година и најверојатно нема да добие нов. Во истата ситуација е и Алекс Сандро.

Мојс Кин и Даниеле Ругани, од друга страна, имаат високи договори, што го оптоварува буџетот на Јувентус. Дополнително, разочаруваат со својот однос, поради што клупските власти треба да бараат некој што ќе сака да ги купи. Во групата играчи кои дополнително ќе се оценуваат дали можат да останат или сигурно ќе бидат ставени на трансфер листа се: Леонардо Бонучи, Пол Погба, Мануел Локатели, Матија Де Шиљо, Филип Костиќ, Вестон Мекени, Николо Фаџоли и Федерико Гати.

ПретходноУтре реванш во ЦЕВ Купот: Мурса Осијек најавува втора победа над Струмица Н.
СледноСавевски одбра 19 ракометарки за ЕП 2022