Македонија без Стојанов на пријателскиот дуел со С. Арабија

283

Поради повреда (скинат бутен мускул), Мартин Стојанов нема да патува со нашата А-фудбалска репрезентација на пријателскиот меч со Саудиска Арабија, потврдија денеска од нашиот табор.

Денеска на Стојанов му беа извршени детални лекарски прегледи (снимања) и беше потврдена повредата.

Селекторот Милевски нема да повикува друг фудбалер на местото на повредениот Мартин Стојанов со оглед на временските ограничувања во однос на добивање виза за ОАЕ. Нашата репрезентација вечерва преку Истанбул патува за Абу Даби.

ПретходноБесник Ферати е херојот на денот, се враќа на терен по успешното лекување
СледноШок за Португалија: Жота го пропушта Мундијалот во Катар