Нотингем Форест деветти меч по ред без победа

65

Нотингем Форест кој беше најголем трошаџија во летниот преоден рок, се уште не може да фати ритам. Веќе деветти меч по ред „шумарите“ не знаат за победа во Премиер лигата и е претпоследен на табелата.
Вечерва Нотингем одигра без голови на гостувањето кај Брајтон што е нивно трето реми во таа неславна серија.
Нотингем по 11 кола има 6 бода и е претпоследен, зад нив е само Лестер со поен помалку и меч помалку. Брајтон кој сега врза четири меча без триумф е на 7. место со 15 бода.

 

ПретходноMaкедонските деца првпат стартери за Адана во убедливата победа
СледноЖоржињо одби да потпише нов договор со Челзи