Савевски одбра 19 ракометарки за ЕП 2022

219

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски денеска го објави списокот на повикани ракометарки за собирот пред настапот на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи и во нашата земја.

На списокот на Савевскис е најдоа 19 ракометарки, на кои ќе смета за натпреварите на престојниот континентален собир. Сениорската женска репрезентација на Македонија на претстојното Еуро 2022 ќе биде дел од групата Ц заедно со репрезентациите на Холандија, Франција и Романија.

Ракометарките стартуваат против репрезентацијата на Франција на 05 ноември (сабота) во 18:00 часот, потоа во второ коло од групата играме против Холандија на 07 ноември (понеделник) и против селекцијата на Романија во последното коло од групата на 09 ноември (среда).

Собирот на ракометната селекција е закажан во понеделник во 13 часот во хотелот Александар Палас.

Претходно„Кориере дело Спорт“ објави листа на фудбалери на Јувентус кои треба да си заминат!
СледноДетето на Ливерпул на 29 години реши да оди во пензија