Светскиот рекордер од Полска доби суспензија од 15 месеци

58

Светскиот шампион од Полска во штафетата 4х400 метри на СП во сала од 2018 година, Јакуб Кжевина, доби забрана за било каква спортска активност во период од 15 месеци, поради непочитување на допинг протоколите. Вчера, Судот за спортска арбитража во Лозана (CAS) одлучи да изрече казна од 15 месеци дисквалификација за Кжевина откако беше потврдено дека атлетичарот 3 пати ги прекршил правилата за давање податоци за неговиот престој.

Кжевина ја претставуваше Полска на многу меѓународни натпревари, каде што освои медали во штафетните дисциплини. Меѓу најголемите успеси се златото во сала на светското првенство во 2018 година со штафета 4х400 метри, каде тој во комбинација со Карол Залевски, Рафал Омелка и Лукаш Кравчук стигнаа до медалот поставувајќи светскиот рекорд од 3:01.77 минути.

Кжевина има и три сребрени медали на ЕП.

ПретходноАнчелоти за изборот на Манчестер Сити за тим на сезоната: Ние најважната награда ја добивме во мај!
СледноЃорче Петров и Чаир ги добија ривалите за 3. коло од Евро-Купот