Смилковски по чудниот меч: Бев немоќен, немавме ниту тактика, ниту нешто друго!

213

ТФТ одигра чудни 30. минути на дуелот против Пелистер на отварањето на сезоната во АБА2-лига. Губеше со 30 разлика, на крајот откако битолчани се опуптија успеа да го ублажи поразот (65-75).

Овој дуел беше многу чуден, особено ако се земе во предвид што може да приреди тимот од Тафталиџе, но тренерот вели дека бил не моќен.

„Голем чест е да се биде во ова одбрано друштво во АБА-лигата. Не смеевме да бидеме толку преимпресионирани од овој натпревар. Јас бев немоќен, а и екипата, немавме ниту тактика, ниту нешто друго. Се обидов на полувреме да ги кренам играчите, но тоа не беше можно. Мора да мислиме напред. Имаме тројца нови играчи кои првпат беа со нас во Златибор. Дојдовме без „петка“ – центар, кој треба да дојде по овој турнир и верувам дека ќе бидеме многу подобри во иднина“, изјави Боро Смилковски.

ТФТ веќе утре ќе има шанса за поправен, игра против Сутјеска.

ПретходноМеси ги кажа своите фаворити за титулата на СП, a меѓу нив не е Аргентина
СледноПеколен дочек за Мбапе на доделувањето на „Златната топка“ (ВИДЕО)