Шалке и Хамбургер со убедливи порази испаднаа од Купот на Германија

65

Вечерва се одиграа натпревари од шеснаесетфиналето на германскиот Куп. Хамбургер и Шалке 04 се збогуваа со настапите во Купот по убедливите порази на гостувањата кај РБ Лајпциг односно Хофенхајм.
Хамбургер изгуби од Лајпциг со 4:0, а Шалке доживеа дебакл кај Хофенхајм со 5:1.
Во наредната фаза се пласираа Ајнтрахт Франкфурт кој го совлада Штутгарт Кикерс со 2:0, потоа Нирнберг кој со 1:0 го победи Манхајм како и Мајнц, Волфсбург и Бохум кој славеа над Либек, Брауншвајг и Елверсберг.
Изненадување приреди Дармштат кој го исфрли Менхенгладбах по триумфот со 2:1.

ПретходноЖоржињо одби да потпише нов договор со Челзи
СледноДимитриевски одличен, Рајо во 92. минута „грабна“ бод против Атлетико (видео)