Maкедонските деца првпат стартери за Адана во убедливата победа

1041

Адана со 5:0 го совлада Адијаман и се пласираше во 4.коло на турскиот Куп. На овој меч за првпат стартери беа двајцата македонски младински репрезентативци Јован Манев и Арда Омер Курталан.

И двајцата се членови на младинскиот тим на Адана, но вечерва добија шанса да бидат во сениорскиот тим во Куп меч. Тренерот Винченцо Монтела му даде 90 минути на Манев, додека Курталан го смени на полувреме со Озтумер кој подоцна реализираше хет-трик.

Манев е поранешен играч на Брегалница, додека Курталан дојде во Адана од Фенербахче.

ПретходноВаленсија промаши пенал во 12. минута од продолжението и остана без два бода (видео)
СледноНотингем Форест деветти меч по ред без победа