Георгиевски ќе остане на чело на Скопје

504

Иако по мечот со Македонија ЃП изминатиот викенд и поразот од на исиот тренерот на ФК Скопје, Славчо Георгиевски си поднесе оставка сепак популарниот Тупан и натаму ќе го води тимот од Автокоманда.

Откако се смирија страстите и што се вели „легна работата“, Георгиевски и управата на ФК Скопје најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.

Скопје во досегашниот дел од шампионатот одигра неколку добри средби на кои заслужи и повеќе бодови, што во периодот кој следува секако дека ќе биде приоритет. Да се освојат што е можно повеќе поени и да се излезе од опасната зона за испаѓање.

 

ПретходноЊукасл има голем проблем, Исак уште два месеци во „аут“
СледноМајкл Керик ќе биде нов менаџер на Мидлзброу