Гостивар по изненадување во Скопје, МЗТ по „билдање“ на самодовербата за АБА-предизвикот!

143

Второто коло во Првата лига ќе биде комплетирано вечерва. Во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ Скопје е домаќин на Гостивар, дуелот е закажан со почеток во 19 часот. Поради обврските кон АБА-лига, актуелниот македонски првак ја одложи обврската во домашниот шампионат.

Станува збор за дуел меѓу два тима кои сезоната ја отворија со победи. МЗТ Скопје беше подобар од ТФТ, додека пак Гостивар тргна со триумф над Пелистер. Гостите ќе бидат далеку поодморени, а во Скопје ќе допатуваат со едно освежување, Арсеније Вучковиќ се врати во дресот на Гостивар.

На другата страна Александар Петровиќ и неговите момци по поразот од Будуќност во АБА-лига имаат една цел – да им се вратат на победите пред пресметката број четири во јадрансткото друштво против Студенски центар, шанса за прва радост.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Кожув – Струмица 2022 88:86

Еуро Никел 2005 – Куманово 2009    84:58

Феникс 2010 – Навико Академија ФМП      79:62

Пелистер – Работнички  47:33

Чаир 2030 – ТФТ    83:87

18. ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар

СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

СТРИМ: https://youtu.be/tj_yqdcwCP0

ПретходноПелистер на тест против Саудиска Арабија
СледноЊукасл има голем проблем, Исак уште два месеци во „аут“