29-годишниот некогашен стартен бек на Ливерпул, Џон Фланаган, од здравствени причини реши да ја заврши својата куса играчка кариера.
Фланаган е дете на Ливерпул кој својите најдобри настапи ги имаше во сезоната 2013/14 година кога беше главен дефанзивец на „црвените“ кои до крајот се бореа со Манчестер Сити за шампионската титула во Англија, но на крајот останаа втори.
Фланаган во истата сезона дебитираше и за репрезентацијата на Англија, а настапот во пријателскиот натпревар против Еквадор (2:2) се покажа како прв и последен во неговата кариера. По таа одлична сезона, Англичанецот почна да има огромни проблеми со коленото, поради што беше надвор од игра година и пол. По оваа голема пауза, никогаш не се врати на врвно ниво. Не само во Ливерпул, туку и во Барнли, Болтон Вондерерс и Глазгов Ренџерс, каде што настапуваше потоа.
Во 2020 година, Фланаган потпиша договор со белгиска Шарлроа, каде што воопшто не дебитираше. Во јануари 2021 година беше блиску до настап во полска Јагиелонија, но не ги мина лекарските прегледи. Оттогаш одигра само 300 минути во втората данска лига во екипата на Коге. Денескаобјави дека се пензионира.
„За жал, по внимателно размислување, ја донесов најтешката одлука. Одлуката за крај на професионалната кариера“, напиша Џон Фланаган во соопштението до навивачите и медиумите.
„Последните 14 месеци давам се од себе да се опоравам од последната операција на коленото. За жал, моето долгогодишно здравје мора да биде на прво место, па по соодветна лекарска консултација знам дека единствената правилна одлука е да се повлечам од фудбалот“.
Џон Фланаган ја заврши кариерата со 46 настапи во Премиер лигата.
⚽️❤️ pic.twitter.com/SlppHCp79C
— jon flanagan (@jon_flan93) October 18, 2022