Ел Насионал: Чави е минато во Барса, во игра се три кандидати

1240

Според денешното издание на Ел Насионал, раководството на тимот на Барселона веќе на големо размислува за наследниците на Чави на клупата на тимот од Ноу Камп.

Не е за изненадување што се бара замена, односно што намерата на клубот е да го смени Чави, затоа што едноставно резултатите сезонава не се тие што треба да бидат.

Барса е пред испаѓање од Лигата на Шампионите, а на домашна сцена загуби од Реал со 3:1 во Ел Класико. Па така, очигледно дека нештата со Чави не одат во посакуваниот правец па аналогно на тоа се бара решение.

Во игра според медиумот се три наследници. Томас Тухел, доскорешниот менаџер на Челзи. Тој е веројатно фаворитот затоа што има искуство со водење на клубови на највисоко ниво. Втор е Марсело Гаљардо, во моментов кормиларот на Ривер Плата, а неговото неискуство со евро фудбалот може да е недостаток. Како трета опција и најмалку веројатна во моментов е Јирген Клоп во моментов менаџерот на Ливерпул. Клоп станува легенда на Енфилд но сезонава не е најдобра резултатски па можна е разделба. Сепак, Барселона би морала тогаш Тухел да го чека до летото, затоа што мала е веројатноста дека тој би бил отпуштен за време на сезоната.

 

ПретходноСенев на местото на Јовановски во Кожуф
СледноБензема „распали“: За мене Реал е најдобар во светот, а вие своите награди дајте ги на кого сакате!