Жоржињо одби да потпише нов договор со Челзи

155

Челзи му понуди на Жоржињо нов договор, меѓутоа играчот од средниот ред го одбил. Преговорите одат тешко, затоа што клупските шефови никако не успеваат да се договорат со претставниците на италијанскиот репрезентативец.
Според информациите од Англија лондонскиот клуб му понудил иста плата што во моментов ја добива – околу 120.000 фунти на неделно ниво. Меѓутоа играчот сака повисока плата, иста како на Аспилитуета кој добива 150.000 фунти неделно.
Инаку актуелниот договор на Жоржињо со Челзи е со важност до летото 2023 година.

ПретходноНотингем Форест деветти меч по ред без победа
СледноШалке и Хамбургер со убедливи порази испаднаа од Купот на Германија