Куртоа незадоволен: Реал поради мене ја освои Лигата на шампионите, а јас сум само седми!

609

Тибо Куртоа беше седми во поредокот во изборот за „Златна топка“, церемонија која се одржа вчера во Париз, а мина во знакот на Карим Бензема. Голманот на Реал Мадрид го доби признанието „Лев Јашин“ за најдобар светски голман, но Белгиецот не беше задоволен имаше приговор за самиот избор.

„Доколку сте голман, речиси е невозможно да ја освоите „Златната топка“. Реал Мадрид го освои првенството и Лигата на шампиони поради моите добри одбрани, но јас завршив на седмото место за „Златна топка“. Но, барем постои награда за најдобар голман. Сепак сум горд што ја освоив оваа награда и тоа како голман на Реал“, изјави Куртоа.

Тој блескаше цела сезона, во финалето на ЛШ го одигра мечот на кариерата со неколку одлични одбрани ги спречи напаѓачите на Ливерпул да забијат гол.
ПретходноЕмотивно збогум, Игуаин во солзи: Горд сум на се што постигнав (ВИДЕО)
СледноЗа поранешниот репрезентативен голман заврши сезоната во Шведска!