Најдобриот пеналџија на светот во моментов

242

Напаѓачот на Брентфорд Ајван Тони во моментов е најдобриот изведувач на пенали во Англија. Тој нема погрешено во 22 обиди по ред. Последен пат промашил удар од белата точка пред четири години и тоа во дресот на Барнли во победата над Питерборо. Тогаш Адам Дејвис го одбранил неговиот удар, но потоа следува негова серија од 22 пенали и 22 гола.

Од сите нив 20 по ред се како играч на Брентфорд (откако направи трансфер во 2020 година). Само во Премиер лигата има осум од осум. Пред него се само Само Јаја Туре кој имаше 11 од 11 со Манчестер Сити и Димитар Бербатов имаше 9 од 9 за Тотенхем, Јунајтед и Фулам.
Тони има уникатен начин на изведување на пенали. Два чекори. Без залет. Само два чекори и шут.
Кантона го гледаше противничкиот голмн во очите кога шутираше. Тони има неверојатна техника. Тој не ја ни гледа топката. Неговите очи се вперени во голманот. Тоа е психолошка борба. Не е лесно да се издвои победа во таа борба“, изјави екс-англискиот голгетер Крис Сатон.

Не е предоцна Герет Саутгејт да го земе капитенот на Брентфорд во репрезентацијата. Со оглед на лошото реноме во пенал рулетите на Мундијалите, Тони ќе му биде од голема помош.

ПретходноРепрезентативците летнаа за Абу Даби (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноГостивар го изненади МЗТ среде „Јане Сандански“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)