Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски денеска го објави списокот на повикани ракометарки за собирот пред настапот на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи и во нашата земја.
На списокот на Савевскис е најдоа 19 ракометарки, на кои ќе смета за натпреварите на престојниот континентален собир. Сениорската женска репрезентација на Македонија на претстојното Еуро 2022 ќе биде дел од групата Ц заедно со репрезентациите на Холандија, Франција и Романија.
Ракометарките стартуваат против репрезентацијата на Франција на 05 ноември (сабота) во 18:00 часот, потоа во второ коло од групата играме против Холандија на 07 ноември (понеделник) и против селекцијата на Романија во последното коло од групата на 09 ноември (среда).
Собирот на ракометната селекција е закажан во понеделник во 13 часот во хотелот Александар Палас.