Утре реванш во ЦЕВ Купот: Мурса Осијек најавува втора победа над Струмица Н.

75

Одбојкарите на македонскиот шампион Струмица Никоб утревечер во Хрватска го играат реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против тимот на Мурса Осијек. На првиот меч во Струмица, нашиот првак неочекувано загуби со 3:2, со што сериозно си ги закомпликува работите околу пласманот во следната фаза.

Хрватскиот тим во очи на утрешниот дуел (19 ч.) со оптимизам го најави реванот во кој очекуваат уште една победа за потврда на пласманот во следната фаза.

„Првиот меч го добивме со 3:2 што за нас е прва историска победа во Европа. Веќе во среда имаме шанса да ја запечатиме работата и да обезбедиме историски пласман во следното коло. Ни треба само победа за да одиме понатаму. Струмица е тим против кој може да се игра и тоа го покажавме на првиот меч. Мислам дека без разлика на резултатот на тој прв меч од нив бевме подобри во секј елемент, па дури и таа победа можеше да биде и поубедлива“, изјави пред утрешниот реванш меч, тренерот на Мурса Осијек, Марио Теперт.

Струмичани беа тивки оваа недела, подготвувајќи стратегија за реваншот во кој им е потребна победа (3:0 или 3:1) за пласман во следната рунда или минимална од 3:2 за евентуален „Златен сет“.

фото: CEV

ПретходноЃорче Петров и Чаир ги добија ривалите за 3. коло од Евро-Купот
Следно„Кориере дело Спорт“ објави листа на фудбалери на Јувентус кои треба да си заминат!