Откако стана јасно дека последната повреда е сериозна и тојќе мора да го пропушти СП во Катар, фудбалерот на Челзи Н`Голо Канте замина на операција. Тој вчера бил опериран за да се санира повредата која го мачи долго време, па според лекарските најави го чека пауза од најмалку четири месеци.
Канте настапи на само два натпревари во Премиер лигата и одигра вкупно 175 минути оваа сезона. Тој беше многу важен играч за Челзи од неговиот трансфер од Лестер Сити во 2016 година и подеднакво важен за Франција, каде што забележа 53 настапи.