„Лице в лице“ и Кометал ЃП со заеднички шут ги слават своите јубилеи

130

Со инклузивен спортски натпревар, помеѓу поранешни ракометарки на „Кометал Ѓорче Петров“ и на продавачите на списанието за одржлив развој „Лице в лице“, ќе биде одбележана јубилејната 10-та година од постоењето  на истоимената Платформа за одржлив развој. Ова воедно беше и одбележување на победата на „Кометал ЃП“ во 2002 година над унгарскиот „Херц Ференцварош“ во финале, освојувајќи ја престижната Лига на шампиони.

Одлуката за овој симболичен меч беше резултат на заложбите кои Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ ги прави изминатата деценија, а имаат заеднички предзнак и со дејствувањата на спортските тимови, односно со постигнувањето на нивните цели.

„Спортот нема само натпреварувачка улога и цел, туку ни покажува како се доаѓа до резултатите – само со посветеност, трпение, издржливост, знаење, тимска игра, верба, емпатија, еднаквост, создавање мостови.. Промената на резултатот, особено во личниот развој, пред и потоа, подразбира многу работа на себе. Продавачите на „Лице в лице“ сите изминати години се првата асоцијација за успешни примери на наши сограѓани кои од ранлива состојба стануваат личности кои што одлично се интегрираат во општеството“, велат од „Лице в лице, и затоа  и  овој натпревар има за цел да ја пренесе пораката дека секој добар резултат, е  последица на многу работа, верување и активно дејствување.

Дел од двата натпреварувачки тима, „Be Inclusive“ и „Be Active“, кои во публика ќе ги следат и млади посетители, идната спортска сила, ќе бидат имиња од златната ракометна генерација како: Адријана Будимир, Индира Кастратовиќ, Мирјана Чупиќ, Валентина Радуловиќ, Наталија Малахова Тодоровска, Гордана Нацева, Елена Златановска, Лина Тренковска, Анжела Платон, Лела Велкова и други.

Инаку, во спортските тимови ќе учествуваат и продавачи од сите партнерски организации на „Лице в лице“, Младински културен центар – Битола, Дневниот центар за згрижување деца на улица во Шуто Оризари – Скопје, „Порака Нова“ од Струга, Црвен крст на град Скопје и „Порака Неготино – Волково“.

ПретходноМаксимов: Супер тест-натпревар за да покажеме дека вредиме
Следно„Рисовите“ го одржаа првиот тренинг во Абу Даби (Фотогалерија)