Прв меч од новата НБА сезона, прва тепачка: Можев да му го отворам черепот… (ВИДЕО)

3433

На самиот старт на новата НБА сезона, тепачка. На мечот со кој се отвори сезоната меѓу Бостон и Филаделфија, на почетокот на вториот дел кошаркарот на гостите Ембид направи дефанзивен скок по промашувањето на Тејтум, но упорниот Маркус Смарт и покрај тоа се обиде да ја „фати“ топката. Тој беше на грбот на Ембид, по што силниот центар го оттурна, „заробувајќи“ му ја раката, па откако Смарт заврши на подот за малку ќе го згазнеше, по што настана голема гужва.

Кога Браун пријде да се справи со Ембид, центарот падна на подот, а потоа Смарт скокна и врз кошаркарот на Филаделфија.

„Можев да му го отворам черепот, но не“, рече бесен Смарт по натпреварот и додаде дека судијата лошо ја проценил целата ситуација во која можел да се повреди.

„Мојата рака беше заглавена, а тој се обиде да ја скрши. Потоа јас добив техничка. Сите видоа што се случи…“.

ПретходноКанте опериран, го чека пауза од 4 месеци
СледноШвајцарија остана без првиот голман за Мундијалот во Катар?